среда, 19. декември 2018. Вести денес: 115
home Скопје

Нов скандал во скопска градинка: Ги ставаат децата во шкафче „да ги јадат бубачките“

Нов скандал во скопска градинка: Ги ставаат децата во шкафче „да ги јадат бубачките“

По скандалот во гевгелиската градинка, каде воспитувачка грубо и непристојно се однесува кон децата, нов случај ја тресе Македонија.

Во градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче, две негователки грубо се однесувале кон деца, и истите биле заворани во шкафче да ги јадат бубачките.

Ова за „Фокус“ го раскажува мајката Маја Ѓеорѓиева, чија три и пол годишна ќерка била запишана во градинката.

-Тоа што се случува во градинката е навистина страшно. Пред извесно време, мојата ќерка била удрена со боичка по главата. Останатите кои биле темпераментни, биле затворани во шкафче, да ги јадат бубачките, раскажува Маја.

Нејзината ќерка три седмици оди во градинка, но како што вели, девојчето е исплашено поради односот на негователките и учителките.

-Во една ситуација, мојата ќерка била тепана од негователките, поради тоа што спуштила креветче и при тоа, устата и ја затвориле за да не се слуша кај што плаче. Минатата среда беше толку истрауматизирана, што во раце ми спиеше, додава Ѓеорѓиева.

Маја испратила и писмо до Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром.

Од градинката испратиле одговор дека се преземаат соодветни дисциплински мерки.