среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Скопје

Ништо од планот за чист воздух на Владата, воздухот загаден уште на старт на грејна сезона

Ништо од планот за чист воздух на Владата, воздухот загаден уште на старт на грејна сезона

Ништо од планот за чист воздух на Владата, граѓаните и понатаму се греат на дрва, а воздухот енормно загаден.

И покрај ветувањата на Владата за почист воздух и годинава според податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенси во домаќинствата“ на почеток од неговата грејна сезона во Македонија, скоро две третини од граѓаните ќе се греат на дрва како најисплатлива варијанта.

Ова покажува дека во оваа насока од страна на Владата не е спроведена ниту една од најавуваните мерки кои требаше да се спроведат преку за стимулирање на граѓаните да се греат на еколошки грејни тела.

Во програмата „План за чист воздух“ која требаше да се имплементира во 2019 и 2020 година, Владата ветуваше дека загадувањето ќе се намали во Скопје до 50% и 30 до 50% во другите градови. Но според сликите и видеата кои деновиве кружат по социјалните мрежи може само да се претпостави како ќе биде зимата.

Владата, бидејќи 90% од загадувањето доаѓа од греењето на дрва, како една од приоритетните цели во програмата го имаше одигнувањето на јавната свест преку едукативни кампањи преку кои требаше да се информираат граѓаните за штетност од користење на нееколошки извори за затоплување, но и да ги едуцираат за алтернативните поефикасни, поеколошки и економски поисплатливи можности за греењето, транспорт, одложување на отпадот и тн.

Но според податокот дека скоро две третини од граѓаните ќе се греат на дрва може да се заклучи дека оваа мерка не дала никаков резултат.

Друга приоритетна цел од оваа програма на Владата беше и намалувањето на емисиите на загадувачки супстанци од затоплување во домаќинствата, а како најголем извор на загадувањето, во овој сектор беше предвидено да бидат имплементирани најмногу активности. Тука требаше клучна улога да имаат активности кои ќе бидат насочени кон изнаоѓање на модели за поттикнување на приватните компании да понудат посоодветни пакети, а домаќинствата полесно да можат да се одлучат да ги променат технологиите за греење.

Тука спаѓаше и мерката за 20,000 домаќинства да набават инвертер клима уреди за затоплување преку ваучери, но и оваа мерка која помпезно беше најавувана одтана неспроведена и ваучерите наменети за оваа цел останаа неподелени.

Како дополнителен доказ за тоа дека Владата воопшто не се грижи за квалитетот на воздухот е и тоа што и оваа грејна сезона ја дочека со расипани мерни станици а во планот за чист воздух како еден од приоритетите беше и Мониторинг на квалитетот на воздухот преку што ќе се дојде до подобрување на системот за следење на квалитетот на воздухот преку комплетна замена на сите инструменти во мониторинг станиците. Но како што призна и самиот министер за екологија, Насер Нуредини многу од станиците нема да профункционираат до крајот на годината.

Коронавирус