петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 37
home Скопје

Никаква промена на границите не доаѓа предвид, порача советник на Харадинај

Никаква промена на границите не доаѓа предвид, порача советник на Харадинај

Кабинетот на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај денеска порача дека Владата на Косово ја исклучува секоја можност за дебата и преговори за поделба на Косово или за размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Поделбата на територијата на Косово, размената на територии или која било друга опција што има за цел промена на границите воопшто не претставува опција за Владата на Косово. За нас тоа е дебела и неминлива црвена линија, изјави за сервисот на албански јазик на Радио Слободна Европа, Авни Арифи, советник на Харадинај.

Тоа е, според Арифи, линија која Приштина не може да ја прескокне.

Тој нагласи дека оние што мислат да менуваат граници, да разменуваат територии и што поставуваат такви прашања на преговарачка маса, тежнеат „да го вратат Балканот во темните времиња“.

Според советникот на косовскиот премиер, Владата на Косово „на ниеден начин нема да влезе во преобликување на балканските граници“.

Реакцијата на Арифи, како што објави Радио Слободна Европа на албански јазик, уследи по изјавите на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека „за Србија би било подобро било што, отколку ништо“.

МИА

Коронавирус