вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Никаква грижа и заштита: Сведоштво за третманот на вработените во ЈСП-Скопје за време на пандемија

Никаква грижа и заштита: Сведоштво за третманот на вработените во ЈСП-Скопје за време на пандемија

Вработен во ЈСП испрати допис до редакцијата на КУРИР во кој дава свое сведоштво за третманот на вработените во ова јавно претпријатие за време на пандемија

-Сакам да споделам информација во врска со однесувањето, неспособноста и неодговорноста на менаџерскиот тим од  ЈСП Скопје. Во време на пандемија со која се соочуваме и толку голема дневна бројка на заболени и починати, во време на препораки дадени од Министерство за здравство за ротации на работа, работа во смени или онлајн од дома, ЈСП Скопје која е фирма со преку 1300 вработени нема превземено ниту една од горенаведените мерки. Да го занемариме фактот што во летниот период  вработените во ЈСП кои се во работен однос на определено работно време, односно се вработени преку агенција за привремени вработувања отсуствуваа и по шест месеци, да го занемариме фактот и што во време на, како што велат, пренатрупана администрација, сепак има нови вработувањ во ЈСП преку агенција, но не смееме да го занемариме фактот дека само ЈСП Скопје не почитува и нема план за распределба на вработените во време на пандемија, вели тој.

Посочува дека имало и смртни случаи на вработени во ЈСП, од почетокот на епидемијава, а голем е бројот на заразени.

-Дека вирусот не е шала и дека мора менаџерскиот тим да превземе одговорност да ја води фирмата говорат и неколкуте смртни случаи во ЈСП и моменталниот број на позитивни , односно 16 на кои нормално им доцнат решенијата, нивните контакти не се ставаат во изолација, напротив луѓето одат на работа и претставуваат закана и за сите останати. Службата за човечки ресурси нема поим како да ги води овие луѓе, на некои им се кажува да одат на работа иако на пример сопругот или сопругата се позитивни бидејки немаат како да ги оправдаат деновите чекајќи резултат или решение од Центар за јавно здравје, на други им кажуваат пример седи дома а им одземаат денови од одмор, едноставно нити закон се следи нити се почитува, за препораки не ни разговараме. Додека Директорот и оние од кабинет ротираат, вработените нормално секој ден одат на работа во канцеларии со по пет до шест луѓе каде доколку еден се јави позитивен треба цела служба минимум 14 дена да биде во изолација. Се поставува прашањето дали во таков случај се што се работи во таа служба ќе застане или нема да бидат пратени останатите во изолација, вели вработениот во ЈСП во дописот испратен до КУРИР.

Локални избори 2021