среда, 30. септември 2020. Вести денес: 61
home Скопје

Невакцинирани деца нема да бидат примени во градинка во Карпош

Невакцинирани деца нема да бидат примени во градинка во Карпош

Општина Карпош ги известува сите граѓани дека градинките на територија на Општината („Мајски цвет“, „Пролет“, „Распеана младост“ и „Орце Николов“) ќе ги примаат само децата чии родители/старатели ќе приложат здравствена потврда за примена МРП вакцина.

Ваквите мерки на превенција се должат на Одлуката на Министерството за здравство за прогласување на епидемија на морбили во скопското подрачје, врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести (членови 56 и 57).

Ви благодариме на разбирањето.

Коронавирус