петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Несовесни граѓани го уништија видиковецот на Водно (ФОТО)

Несовесни граѓани го уништија видиковецот на Водно (ФОТО)

Од Град Скопје информираат за уништен видиковец на врвот на Водно.

Како што соопштија градските власти на Фејсбук, непознати сторители деновиве на јужната страна на врвот на Водно уништиле видиковец.

При вандалскиот чин урната е дрвената конструкција, а потоа истата е скршена и запалена.

Град Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и одговорно да се однесуваат со поставената урбана опрема во парк-шумата Водно и на сите други јавни површини во градот.