понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 173
home Скопје

Нема веќе паркирање: Поставени заштитни столпчиња пред Министерство за правда

Нема веќе паркирање: Поставени заштитни столпчиња пред Министерство за правда

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје пред Министерството за правда поставија 30-ина столпчиња за да се спречи непрописното паркирање возила на тротоарот.

-На барање на граѓаните, за да се овозможи непречено движење на пешаците по оваа пешачка патека, столпчиња ќе се наредат на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со улицата Македонија, соопшти Град Скопје.

Досега се поставени околу 30 столпчиња, а преостанатите се очекува да бидат поставени до крајот на неделава.

Коронавирус