вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 13
home Скопје

„Нема да има соголување на Водно, кај што има паркови нема нови згради…“: Што ветуваше Шилегов, а каква е состојбата на терен?

„Нема да има соголување на Водно, кај што има паркови нема нови згради…“: Што ветуваше Шилегов, а каква е состојбата на терен?

Едно беше ветувано во предизборниот период пред локалните избори, друга е фактичката состојба сега не терен. Тоа може да се констатира според она што Шилегов им го ветуваше на граѓаните на митинзите пред изборите.

Во само 35 секунди говор, Шилегов тогаш пред граѓаните испорача неколку ветувања, кои не само што се уште не се ни блиску до некакво макар и минимално исполнување, туку се случува сосем спротивното.

-Водно веќе нема да го соголуваме, туку повторно ќе стане рекреативен центар на граѓаните, а ќе обезбедиме и посебен сообраќаен режим за Водно. Соголените делови на Водно, ќе ги пошумиме. Планината на Скопје, ќе стане повторно негова зелена оаза, нашите вистински бели дробови. Одлучни сме во намерата да се грижиме за зеленилото. Таму каде што има паркови нема да се градат нови згради, изјави Шилегов.

Имено, градоначалникот на Скопје, тогаш ветуваше дека Водно повеќе нема да биде соголувано, дека соголените делови на планината ќе бидат пошумени. Но, на терен сликата е сосем друга. На Водно продолжија градежните активности околу гасоводот, за чија цел беше исечена дел од шумата на Водно.

Од страна на властите беше соопштено дека бил постигнат со активистите за изградбата на гасоводот. Што беше пак демантирано од страна на иницијативата „Го сакам Водно“.

-Во официјално соопштение МЕР АД Скопје вчера, 11.10.2018, ја информираше јавноста дека била постигната согласност со граѓанските активисти кои ќе биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект. Во потполност ја демантираме информацијата за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту пак сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, напишаа во статус на Фејсбук од таму.

Уште едно ветување кое го прекрши градоначалникот е посебниот сообраќаен режим на Водно кој го вети градоначалник наместо посебен сообраќаен режим, на Водно сега само се плаќа паркинг, со кој се полни буџетската каса на градот Скопје.

А уште едно прекршено ветување на градоначалникот Шилегов е дека нема да се градат згради каде што има паркови. Последниот пример за тоа е „Мајчин дом“ во Аеродром, каде што на една голема зелена површина се започна со изградба на зграда, која што е во моментов времено стопирана, но градоначалникот на Аеродром изјави дека нема начин како да ја спречи градбата.

Аеродромци го потсетуваат градоначалникот Марин дека долго време ветуваше дека нема да дозволи градење на како што тие велат бетонски „монструм“ на осум ката на овој простор.

Освен што не ја спречи изградбата на оваа зграда, како што пишува порталот „Магазин“, Шилегов дозволил инвеститорот на оваа деветкатница комуналиите да ги плати на 12 рати.

Граѓаните се револтирани поради ваквата состојба, а за тоа одредени зборуваа и пред камерата на КУРИР, на првиот протест кој беше организиран пред Мајчин дом.

Коронавирус