петок, 5. март 2021. Вести денес: 145
home Скопје

Нелоски: Во програмата „За живот“ за Град Скопје се ветени 129 проекти, а реализирани или во фаза на реализација се само 20

Нелоски: Во програмата „За живот“ за Град Скопје се ветени 129 проекти, а реализирани или во фаза на реализација се само 20

Нереализираните ветувања кои како за илустрација во програмата „За живот“ за Град Скопје во 2017-тата година ветени се 129 проекти. А, од тие 129 проекти реализирани или во фаза на реализација се само 20-тина. И вие кога имате таква состојба ќе го гледаме градоначалникот на Град Скопје како се поти и како кажува дека тој смета дека било грешно што граѓаните ги валоризирале градоначалниците или пак функционерите од тоа што било видливо“,истакна Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на „Радио Лидер“.

Нелоски додаде дека СДСМ откако е на власт ништо не направи за граѓаните, единствено тие крадат и рушат се пред себе. Секојдневно граѓаните гледаат тотална бетонизација на Карпош, Ѓорче и Кисела Вода.

-Јас сум свесен дека на општините им се потребни комуналиите за да функционира, за работат, за да се развива општината. Но еве кажете ми што се разви општина Кисела Вода со сите ДУП-ови кои што ги потпиша Темелковски. Што е подобрено за животот на Ѓорчевци да речеме, или пак во Бутел, или пак во Аеродром, запраша Нелоски.

Нелоски посочи дека зиплајнот остана неисполнет проект на Шилегов, тој пред неколку дена посочи дека не бил безбеден да се гради иако го ветуваше.

Коронавирус