сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Скопје

Нелоски: Скопјани и по завршување на 4-годишниот мандат на Петре Шилегов, нема да имаат можност да уживаат во Универзална сала (ВИДЕО)

Нелоски: Скопјани и по завршување на 4-годишниот мандат на Петре Шилегов, нема да имаат можност да уживаат во Универзална сала (ВИДЕО)

Да беа посветени на работа за реконструкција на Универзална сала, досега наместо неколку прес-коференции со различни Министри и владини претставници ќе беше завршена реконструкцијата. За жал денеска с еуште после три и пол години од мандатот на Петре Шилегов, се уште немаме Универзална сала, но уште поважно и потажно е тоа што скопјани и по завршување на четиригодишниот мандат на Петре Шилегов, нема да имаат можност да уживаат во Универзална сала, реагира Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, со оваа реконструкција која што ја најави пред избори колку да го замајува народот, предвидено е во таа прва фаза да биде реконструиран само надворешниот дел, односо кровот и фасадата на Универзална сала. Петре Шилегов во 2017-та вети дека 50-то издание на “Златни славејчиња” ќе биде во Универзалната сала, а не шест месеци пред избори да ветува реконструкција на кров и фасада, истакна тој.

Коронавирус