петок, 3. декември 2021. Вести денес: 146
home Скопје

Нелоски: Ги повикувам скопјани да дадат поддршка за Арсовска која ќе работи чесно и одговорно за Град Скопје да биде модерно место за живеење

Нелоски: Ги повикувам скопјани да дадат поддршка за Арсовска која ќе работи чесно и одговорно за Град Скопје да биде модерно место за живеење

Знам дека граѓаните на Град Скопје ќе ја поддржат Данела Арсовска бидејќи скопјани се подготвени и очекуваат модерно Скопје, рече Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет во интервју во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5.

Нелоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ победи на Советничката листа за Град Скопје, укажувајќи дека во моментот има преговори за составување на поголемо мнозинство во советот.

-Да не заборавиме уште една многу важна работа за функционирањето на градот тоа е Советот. ВМРО-ДПМНЕ победи на советничката листа и во овој момент имаме сериозни преговори за составување на мнозинство во советот, кажа тој.
Нелоски нагласи дека ветуваат одговорни и чесни политики кон граѓаните а не како до сега посочувајќи ги примерите на директорот на Водовод кој најмувал фирми без спроведување на постапка, како и Петре Шилегов кој ја продал градската куќа за да стави два сантима асфалт. Граѓаните ќе се одлучат да ја поддржат Данела затоа што им е потребно зелено Скопје, потребно им е расчистување на воздухот не онакво какво што велеше Петре Шилегов во 2017тата година, да падне ВМРО-ДПМНЕ и ќе има чист воздух. Не ние не го велиме тоа, но велиме дека ќе ги спроведуваме мерките кои што ќе ги ветиме за да се намали постепено загадувањето на воздухот, ветување решавање на многу сообраќајни решенија, за разлика од Петре Шилегов кој се фали со подземниот булевар кај Лимакс, тоа е проект кој што доаѓа од режимот а кој што Дарко Каевски го критикува, проект кој Коце Трајановски го започна, подвлече Нелоски и додаде:

„Ветуваме политики кои ќе бидат чесни кон граѓаните, ќе работиме чесно и одговорно. Нема да правиме како што видовме што правел директорот на Водовод и кандидат за градоначалник на општина Карпош кој најмувал фирми без одредени постапки, нема да правиме како Петре Шилегов да ги користиме парите заштедени од граѓаните за да ја продаде градската куќа и парите да ги потроши на два сантима асфалт“.

Коронавирус