вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 65
home Скопје

Неколку улици во Волково и Центар утре без струја

Неколку улици во Волково и Центар утре без струја

Без струја утре од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од село Волково под улица „95“ и од 9 до 14 часот корисниците од улицата Рилски Конгрес бр. 1 – 15 и бр. 2-16 во Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот со електрична енергија е поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје.