петок, 14. декември 2018. Вести денес: 82
home Скопје

Неколку скопски општини утре без струја

Неколку скопски општини утре без струја

Без струја утре, во различни периоди од денот, ќе бидат делови од неколку скопски општини, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 8,30 – 13,30 часот дел без елекстрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Батници – м.в. Долни Чипријан кај вториот влез во селото, десниот дел над патот во општина Студеничани.

Без напојување со еклектрична енергија, во периодд од 9,45 – 14,45 часот ќе бидат делови од ул. Коце Металец парни броеви од број 70 до 80 и броевите 13 и 15 во општина Гази Баба, од 9,00 – 12,00 часот дел од ул. Благоја Давков во општина Центар, а од 9,00 – 13,00 часот Гаши Комерц, Клан ДООЕЛ, дел од ул. Боца Иванова, АБЦ Ресторан, АБЦ Комерц магацин и ЈАФА Промет во општина Бутел.

Корисниците од улиците Маџари, Жегљане, Среќко Пужалка, Јужноморавски Бригади и Фуштанска, како и околината на ОУ Крсте Мисирков во општина Гази Баба ќе бидат без струја во време од 09,00 – 15,00 часот.