петок, 13. декември 2019. Вести денес: 132
home Скопје

Не издржаа ниту една ноќ: Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“ (ФОТО)

Не издржаа ниту една ноќ: Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“ (ФОТО)

Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден. Со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

-Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови. Во оваа есенска акција за засадување дрвја, на местото на украдените садници пред Поликлиниката „Чаир“ ќе бидат засадени нови садници, информираат од Градот.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина.