четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Скопје

Наумоски и СДСМ никогаш повеќе нема да ја добијат довербата на младите во Ѓорче Петров

Наумоски и СДСМ никогаш повеќе нема да ја добијат довербата на младите во Ѓорче Петров

За Александар Наумоски и СДСМ младите луѓе во Ѓорче Петров не се во никаков план. Ги повикувам сите млади да се сетат на еден проект кој Наумоски го реализираше за нив во изминатите четири години?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветуваа чуда, а не исполнија ништо. Единствено што младите луѓе ќе добијат од четиригодишното владеење на Наумоски е само една налепница на влезот од Домот на културата.
На нивните лаги им дојде крајот и Наумоски и СДСМ никогаш повеќе нема да ја добијат довербата на младите.
На младите во Ѓорче Петров им е потребен партнер кој ќе им го олесни животот и ќе ги решава нивните проблеми заедно со нив.
Новата локална самоуправа во Ѓорче Петров која после октомври ќе биде предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе биде главен партнер на младите луѓе.
Ќе реализира проекти со кои младите полесно ќе доаѓаат до вработување, до свој дом, а Ѓорче Петров ќе стане модерна и урбана општина со многу катчиња за социјализација и дружење на млади луѓе.

Коронавирус