сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Наташа Котлар за Центар: Проекти за ин витро, фонд за сурогат мајки, самохрани родители и стипендии

Наташа Котлар за Центар: Проекти за ин витро, фонд за сурогат мајки, самохрани родители и стипендии

Младите парови кои имаат искористено 3 ИН ВИТРO оплодувања, преку ФЗОМ да имаат можност Општината да финансира до првото живо родено дете.

-Воедно, фонд за сурогат мајки кои ќе добиваат финансиски надомест (за време на бременоста месечно да добиваат надомест во висина на минимална плата) за нивната заложба да им помогнат на оние парови кои не можат да имаат деца, се вели во соопштението од Наташа Котлар, кандидат за градоначалник на Општина Центар поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Се предвидува и фонд за самохрани родители. Ќе се направи мапирање на самохраните родители и семејства со еден родител на територијата од Општина Центар.

-Со тоа ќе се овозможи пристап до информации, давање помош при обезбедување на правата на  самохраните родители и семејствата со еден родител во сите сегменти на животот, нивна инклузија, како
и подигнување на јавната свест и одговорност за оваа категорија граѓани, се наведува во соопштението.

Дваесет стипендии за најдобрите студенти од општина Центар е уште еден проект од програмата на Котлар.

-Со овој проект сакаме да го поттикнеме засилувањето на свеста на граѓаните на локално ниво за значењето на образованието. Сметаме дека на овој начин дополнително ќе ги стимулираме младите луѓе да се вклучат во пазарот на трудот, како и да бидат професионалци во нивната работа, вели Котлар.

Коронавирус