сабота, 28. март 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Настава без мобилни телефони во Аеродром

Настава без мобилни телефони во Аеродром

Општинското основно училиште „Александар Македонски“  во општина Аеродром, во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите.

За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот.

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес.

-Ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика, порачуваат од општината.