понеделник, 25. март 2019. Вести денес: 62
home Скопје

Населбите Нерези и Козле целосно заборавени од Стефан Богоев: Општината лажно ветува дека се чистат улиците во Карпош (ФОТО)

Населбите Нерези и Козле целосно заборавени од Стефан Богоев: Општината лажно ветува дека се чистат улиците во Карпош (ФОТО)

Снегот речиси и да ги изненади градските власти, особено општинските кои малку потешко се справуваат со снегот.

Утрово жители од повеќе населби во Карпош се жалат на неисчистениот снег иако тоа преку соопштение го ветиле од општината Карпош.

-Лага и само лага, градоначалникот никаде го нема, а граѓаните сами треба да си го чистат снегот во 21 век.

– Да прелетам ли на работа…

-Овде само со скии си безбеден, се само дел од коментарите кои ни ги испратија наши читатели со фотографии од повеќе населени места во Карпош.

Станува збор за населбите средно и долно Нерези и Козле, како што велат тие улиците „Козле 3“, е целосно недопрена од зимските служби, улицата „Демир Трајко“ , а истото се случува и на улицата „Јури Гагарин“ во Козле во чија надлежност е општината.

Инаку вчера преку соопштение општината наведе дека службите на терен и се отстранува снегот во целата општина, што од следниве фотографии е целосна лага!

-Зимските служби на Општина Карпош уште денеска почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината. Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош, се наведува во соопштението од општината.