сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Скопје

Наредба за прекин на работните активности по паѓање на потпорниот ѕид на улица „Пандо Кљашев“ во Пржино

Наредба за прекин на работните активности по паѓање на потпорниот ѕид на улица „Пандо Кљашев“ во Пржино

Во врска со денешното уривање на потпорниот ѕид на ул. „Пандо Кљашев“ во населбата Пржино, сакаме да Ве информираме дека веднаш по уривањето на истиот, екипа на градежниот инспекторат на Општина Кисела Вода излезе на терен со цел да направи увид и проценка за настанатата штета, како и да ги откријат причините за истата, се наведува во соопштението од општината.

-Исто така, и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, придружуван од страна на градежните инспектори направи увид на локацијата. Ве инфомираме дека од страна на градежниот инспекторат на Општина Кисела Вода на изведувачот на градежните работи, фирмата Хантерс ДООЕЛ Скопје веднаш му е издадена усна наредба за прекин на работните активности на објектите. Покрај ова, во моментов во подготовка е и решение за прекин на градежните работи, велат од општина Кисела Вода.

Инаку, од фирмата изведувач, Хантерес ДООЕЛ Скопје веќе започнаа со активности за санација на настанатата штета, како и изградба на нов потпорен ѕид.

На истата фирма – изведувач, од страна на Општина Кисела Вода и е наложено прво да изврши целосна санација на штетата, па потоа да започне со изведба на градежни работи на објектите. Воедно, изведувачот на објектите за кои поседува  дозвола за градба се обврза по завршувањето на градежните работи да изврши и асфалтирање на горната и долната улица „Пандо Кљашев“.

Коронавирус