сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 94
home Скопје

Наполнете си шишиња- Овие скопски улици утре без вода

Наполнете си шишиња- Овие скопски улици утре без вода

Поради улични дефекти на цевки со пречник од 100 милиметри на булеварот „Видое Смилевски Бато“ 11 во Општина Аеродром и на улицата „Демир Трајко“ 11б во населбата Нерези, од 9:15 часот без вода се корисниците од високата зона од булеварот „Видое Смилевски Бато“ на потегот од зграда 1 до зграда 37, и од улиците „Демир Трајко“ и „Ванчо Мицков“ во населбата Нерези.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека нивните екипи не ги отстранат дефектите.