сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 38
home Скопје

Наместо проширена, улицата стеснета- граѓаните реагираат: Ќе биде ли „Мариовска“ сообраќајна црна точка? (ФОТО)

Наместо проширена, улицата стеснета- граѓаните реагираат: Ќе биде ли „Мариовска“ сообраќајна црна точка? (ФОТО)

Сообраќаен хаос на „Мариовска“ во Скопје. Улицата која води од Кисела Вода кон Теферич наместо да биде проширена, со реконструкцијата, таа дополнително е стеснета. Иако „Мариовска“ е двонасочна, на кривината едвај да може и еден автомобил да заврти.

Жителите, кои ги пратија овие фотографии до КУРИР, велат дека ова ќе биде сообраќајна црна точка.

Градежната механизација во моментов дополнително го отежнува движењето на автомобилите.

Граѓаните реагираат за ваквата состојба. Велат оти воопшто не е прегледно и стравуваат дека во иднина токму на ова место ќе има многу сообраќајни незгоди.