среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Скопје

Намален притисок на вода во Аеродром, делови од Гази Баба без вода

Намален притисок на вода во Аеродром, делови од Гази Баба без вода

Делови од општините Гази Баба и Аеродром денес ќе останат без вода поради активности кои екипи на „Водовод и канализација“ ќе ги имаат на терен.

• Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф – 500мм на ул. Перо Наков бб, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на фирмите: Металски Завод – Тито, Тинекс Маркет, Електометал, Форма Нова, Бриколаж, Мерцедес, Фон универзитет и останатите во околината. (Општина Гази Баба )

• Поради менување на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф 200мм на ул. Бул. Асном , од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, намален притисок на водата ќе имаат корисниците од објектите во околината на крстосницата помеѓу Бул. Асном и Бул. Србија. (Општина Аеродром)