среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Скопје

Наизменичен сообраќај од село Сарај до клучката кај село Бојане во следните 10 дена

Наизменичен сообраќај од село Сарај до клучката кај село Бојане во следните 10 дена

Сообраќајот на патот од селото Сарај до клучката кај селото Бојане во наредните десет дена ќе се одвива наизменично во двата правца поради градежни активности на патот.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека градежните работи почнуваат од денес и оти ќе биде поставена соодветна сигнализација и физичко обезбедување со знаменца.