недела, 9. мај 2021. Вести денес: 83
home Скопје

На територијата на населба Лисиче казнети 69 возачи – 11 за користење за мобилен телефон

На територијата на населба Лисиче казнети 69 возачи – 11 за користење за мобилен телефон

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на населба Лисиче изречени се вкупно 69 мерки, меѓу кои за некористење сигурносен појас 15, пет санкции за возење без возачка дозвола и 11 за користење мобилен телефон. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус