вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 162
home Скопје

МВР: Во Скопје санкционирани 129 возачи – од нив 32 за брзо возење

МВР: Во Скопје санкционирани 129 возачи – од нив 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32, една за возење без возачка дозвола, 14 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се десет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за некористење сигурносен појас и 46 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
129 сообраќајни прекршоци во Скопје, 32 за брзо возење.

ЕУРО 2020

Македонија