вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Скопје

МВР: Утре посебен сообраќаен режим во Центар поради одржување на протест

МВР: Утре посебен сообраќаен режим во Центар поради одржување на протест

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека за утре од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Влада на Р.Македонија.

-Од тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот, информираат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Локални избори 2021