среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Скопје

МВР: Санкционирани 154 возачи во Скопје

МВР: Санкционирани 154 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 28, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за некористење сигурносен појас и 51 мерка за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус