вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 166
home Скопје

МВР: 386 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 386 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 386 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 41 санкција за технички неисправни и нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол 7 санкции, 72 мерки за непрописно паркирани возила и 70 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус