сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 113
home Скопје

Муцунски се фати за работа: Аеродром е наш приоритет, повторно ќе го добие својот сјај

Муцунски се фати за работа: Аеродром е наш приоритет, повторно ќе го добие својот сјај

Новиот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денес имаше средба и работна акција со сезонските работници од општината и вети дека општината повторно ќе го добие својот сјај на чиста и зелена општина.

-Започнува работна акција за чист и зелен Аеродром! Денеска имав средба и работна акција со сезонските работници. Целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници за Аеродром повторно да го добие сјајот на чиста и зелена општина. Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките. Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи сите вие заслужувате да живеете во една хумана средина. Местото на градоначалникот и советниците е помеѓу граѓаните. Започнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром, напиша Муцунски на Фејсбук.

Коронавирус