петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 26
home Скопје

Моторџиите излегоа на протест, побараа од градоначалникот да ја повлече одлуката за плаќање паркинг за мотори (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Моторџиите излегоа на протест, побараа од градоначалникот да ја повлече одлуката за плаќање паркинг за мотори (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Одлуката на градоначалникот Петре Шилегов и градската администрација да воведат плаќање паркинг за мотори предизвика бура реакции во јавноста. Моторџиите, кои се директно најпогодени од оваа одлука денеска одржаа протест пред просториите на град Скопје, каде остварија и средба со градоначалникот.

Тој им кажа дека идејата на Градот е во првата година паркирањето на специјализираните паркиралиште да биде бесплатно, а по првата година да се наплаќа од 5 до 7 денари за саат.

Ваквиот предлог на скопскиот градоначалник предизвика незадоволство кај присутните моторџии, кои рекоа дека никаде во светот не се наплаќа ова. Тие го прашаа Шилегов дали размислил низ какви улици возат моторџиите и го обвинија дека не води грижа за нив. Го повикаа да покаже прво чувство за нивна безбедност, па после да дебатираат.

-Пред да донесете ваква одлука не сум слушнал да поканите било кој од било кој мото клуб на разговор. Размислите пред да донесете одлука, ние ова го сфаќаме само како начин градот да добие финансиски средства, ништо повеќе рече еден од моторџиите. Не ни треба паркинг места и така плаќаме поголеми давачки за регистрација. Ќе паркирам јас како сакам, а не вие да ми кажете како да паркирам, се фаќате за најбенигниот проблем, порачаа моторџиите.

Според нив, со минорни исклучоци, меѓу кои е и градот Дубаи од 2017 година, никаде во Европа и во светот не се наплаќа паркирањето на мотоцикли и на мопеди. Согласно тоа, нема позитивна пракса врз која Град Скопје би ја темелел својата одлука.

ФОТО:КУРИР

Коронавирус