сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 13
home Скопје

Младите од Гази Баба со порака до градоначалникот: Доста беше лажење и неработење

Младите од Гази Баба со порака до градоначалникот: Доста беше лажење и неработење

Почитувани сограѓани, почитувани жители на општина Гази Баба.

Денес сме овде да му се заблагодариме на градоначалникот Борис Георгиевски за изградбата на новиот спортско-рекреативен центар “Стајковци-Црешово”.

Како што можете да видите зад мене, група млади луѓе спортуваат на новиот терен за мал фудбал што е дел од овој проект.

Голема благодарност до градоначалникот кој го заврши овој проект во предвидениот рок, односно заклучно со 2020 година.

Господине градоначалник, младите нема да заборават дека се трудите да им ја подобрите имагинацијата оставајќи ги да спортуваат во замислен спортски центар.

За тоа соодветно ќе бидете наградени на следните избори.

Доста беше лажење и неработење.
Време е да си одите!

Интегрален текст од изјава на Филип Анастасов, претседател на УМС на ОК Гази Баба

Коронавирус