петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home Скопје

Митески: Повеќе пари за плати во Општина Аеродром отколку инвестиции во корист на граѓаните

Митески: Повеќе пари за плати во Општина Аеродром отколку инвестиции во корист на граѓаните

Благодарение на Златко Марин и неговата неспособност, Аеродром за жал го доби епитетот „запуштена општина“. Нула инвестиции, нула проекти и катастрофална реализација на буџетот на општината во првиот квартал за 2019 година. Реализацијата на капиталните инвестиции во првите три месеци од 2019 изнесува 7,6% или околу 13 милиони денари, додека за истиот период општината за плати и придонеси исплатила повеќе од 92 милиони денари, што е седум пати повеќе од капиталните инвестиции, изјави Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром кој додаде:

„За изградба на улици, паркинзи и комунална инфраструктура, што вклучува и изработка на елаборати и надзор на истите општината има потрошено катастрофални 18 илјади евра, за локален економски развој нема потрошено ниту еден денар, додека најавените проекти за заштита на животната средина не се ни на повидок. Златко Марин пред локалните избори настапи со програма во која ветуваше огромен број на проекти, кои требаше да донесат „живот“ во Аеродром, но фактите говорат друго. Парковите се запуштени, фонтаните уништени, во Долно и Горно Лисиче не е реализиран ниту еден проект, најавената градинка и нов парк во Мичурин не се ни на повидок и истите можат да се видат само во предизборната кампања на Марин.“

Со вакво темпо на реализација на капиталните инвестиции можеме да заклучиме дека и оваа година Аеродромци нема да видат нов проект. Нашите пари како даночни обврзници се трошат само за плати и партиски вработувања. Метлата на Заев очигледно нема да заигра во општина Аеродром, иако тоа е повеќе од потребно, подвлече Митески.