петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Скопје

Митески: Илјадници евра наши пари беа фрлени во вода за приватната забава на Златко Марин на која доживеа дебакл

Митески: Илјадници евра наши пари беа фрлени во вода за приватната забава на Златко Марин на која доживеа дебакл

Вчера вечер сите бевме сведоци како илјадници евра наши пари беа фрлени во вода, за приватна забава на Златко Марин, посетена од едвај педесетина луѓе. Наместо да сработи нешто корисно за општина Аеродром, градоначалникот веќе две недели се занимава исклучиво со роденденската прослава, на која доживеа дебакл, истакна Дејан Митески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

-Дали Златко Марин имал финансиски интерес од организација на прославата? Kако е ангажирана фирмата за озвучувањето и осветлувањето на роденденот, имајќи во предвид дека општина Аеродром имаше два неуспешни тендери за избор на фирма која ќе го намести истото? На кој начин се ангажирани изведувачите? На чија сметка се уплатени парите од спонзорите на роденденот, имајќи во предвид дека од страна на Советот на општината не е донесена одлука за примање на спонзорства и донации? Ова се прашања на кои градоначалникот е должен да ги одговори. Иако истите му беа поставени како советнички прашања, Марин избегна да им одговори на советниците, па затоа вака јавно го прашуваме, рече Митески и додаде:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за сите овие прашања и нелогичности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да го испита овој случај и да поведе соодветни законски постапки. Златко Марин е ист во лагите и во сомнителното работење како Зоран Заев и Стево Пендаровски. Ние не сакаме општина и држава која ќе биде уништувана од разно разни политичари, чија единствена цел е злоупотреба на власта за лични интереси“.

Аеродромци, потенцираше тој, ги препознаваат лагите и манипулациите.

Гласот за Стево Пендаровски е глас за поддршка на Зоран Заев, Петре Шилегов и Златко Марин. Затоа сите масовно ќе ја поддржиме Гордана Сиљановска Давкова за Претседател на Република Македонија.