петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 184
home Скопје

Мисајловски од Бутел: Време е оваа општина да стане убаво место за живеење

Мисајловски од Бутел: Време е оваа општина да стане убаво место за живеење

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес од општина Бутел порача дека нивниот кандидат Дарко Костовски победува во општина Бутел, како и дека на таа општина и се потребни итни реформи.

-Дарко Костовски ПОБЕДУВА ВО БУТЕЛ !!! Прекрасна атмосфера со добри и чесни луѓе, луѓе кои сакаат промени и сакаат проекти. Време е за итни реформи, време е Бутел да стане место за сите луѓе, независно од етникум или партиска припадност, време е Бутел да стане едно убаво и нормално место за живеење. Дарко за Бутел, Данела за Скопје, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Коронавирус