понеделник, 9. мај 2022. Вести денес: 181
home Скопје

Мицевски: Инвестиционата програма за 2022 година на ЈП Дрисла значи развој на депонијата по сите модерни технологии за управување со отпад

Мицевски: Инвестиционата програма за 2022 година на ЈП Дрисла значи развој на депонијата по сите модерни технологии за управување со отпад

Директорот на ЈП Депонија Дрисла Јане Мицевски на денешната седница на Советот на Град Скопје вели дека инвестиционата програма на ЈП Дрисла за 2022 година предвидува развој на депонијата по сите модерни технологии за управување со отпад.

Ако успеавте прецизно да ја погледнете инвестиционата програма за 2022 година гледате дека ние планираме развој на депонијата по сите модерни технологии за управување со отпад, така да во секоја од табелите можете да видите се што е планирано за да ЈП Депонија Дрисла стане депонија кој ќе парира со депониите во околните држави, рече тој.

Мицевски одговарајќи на прашањата од советниците истакна дека голем број на проекти кои што се предвидени во програмата, биле предвидени и претходните години, но за жал не биле реализирани, порачувајќи дека максимално ќе се посвети оваа инвестициона програма за развојот ЈП Депонија Дрисла да се реализира.

Во однос на програмата за инвестиции на ЈП Дрисла за 2022 година конкретно во првата табела, инвестициони вложувања и работи, се работи за изградба на систем за црпење и согорување на депонискиот гас за производство на електрична енергија и негово поврзување со најблискиот приклучувач на МЕПСО. Точно е дека и во минатата програма стоело истото, но ова се уште не е реализирано за жал. Ние планираме и оваа година да го ставиме, имаме некои идеи како би го реализирале сето ова. Во табелата број два, за набавка, транспорт и монтажа на инсталација за секундарна селекција на отпадот. Исто и ова не е реализирано до сега, за жал. Според мене една од најбитните работи за развојот на депонијата Дрисла за која што ќе се посветиме максимално да биде реализирана, изјави Мицевски.

Во точка број пет, набавка транспорт и монтажа на постројки за конбустирање, исто години наназад биле ставени во програмата, меѓутоа до сега ништо од ова за жал не е реализирано. Има неколку методи за конбустирање на ваков отпад, и треба со раководниот тим на ЈП Депонија Дрисла да одлучиме за која технологија ќе се одлучиме и да се надеваме дека оваа година конечно ќе се реализира тоа. Во табела број три, лабораториски инструменти за испитување и мониторинг за животната средина, ние како јавно претпријатие имаме мерна станица за мерење на воздухот.

Се работи за дел за оваа, но и дел за новата лабораторија која веќе е изградена и треба да се опреми со инструменти за да може да се следи нивото на загаденост на воздухот, водата и почвата. За таа цел сме предвиделе набавка на вакви инструменти за 2022 година со вкупна вредност од 1.600.000 денари. Со ова сметаме дека ние како претпријатие ќе немаме потреба да ангажираме надворешни лаборатории за кои би плаќале, така што со сопствени средства и кадар кој што го имаме долгорочно ќе заштедиме голем број на финансиски средства, објасни директорот Мицевски.

Коронавирус