недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Скопје

Меморијален турнир во кошарка за Горан Димоски

Меморијален турнир во кошарка за Горан Димоски

Меморојален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот Горан Димоски ќе се одржи од денеска до недела во спортската сала „Македонско Сонце“ во ОУ „11 октомври“ во општина Ценар.

На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3х3.  Почетокот е најавен за денеска во 17 часот, утре ќе се одвива од 18 часот, а задутре од 11 часот.

– Горан го сакаше спортот, а особено кошарката. Беше хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели, соопштија организаторите на турнирот.

Горан Димоски беше роден во Скопје на 3 јануари 1996. Студираше на Американ колеџ во Скопје. Почина трагично на 3 март годинава.

МИА