понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Мечето Теди ќе живее во скопската зоолошка, Штип нема дозвола за чување на вакво диво животно

Мечето Теди ќе живее во скопската зоолошка, Штип нема дозвола за чување на вакво диво животно

Според дозволите издадени во 2015 година од страна на Министерство за животна средина до ,,ЈП ИСАР” во дозволата нема одобрување за чување на мече.

Во тој период е дадена дозвола за чување на единаесет видови на диви животни точно наброени.

-За да добиеме дозвола за чување на ова животно тоа се посебни процедури, изградба на посебни кафези, објекти со заштитни зони што ние во моментов како урбанизам на град Штип ги немаме во тој дел од градот. Општина Штип не преферира да инвестира во диви објекти кои не можат да се вклопат во детален урбанистички план во градот. Разговарано е со директорот на ЗОО Скопје кој што има поголем број на вакви животни одошто треба, но ќе излезат во пресрет да привремено го сместат мечето а тие со нивните стручни служби ќе ги започнат сите постапки за изнаоѓање на најдоброто  решение за ова мече, информираат од општината.

Има неколку организации кој што се заинтересирани во најдобри услови да го превземат и да го чуваат ова животно во најдобри услови тоа се „Brigitte Bardot“ и „4 Paws“.

ЗОО Скопје во координација со овие организација ќе продолжи со постапката.

Претставници од овие организации веќе беа во Штип и го дадоа овој предлог.

Мечето Теди заслужува да живее во хумани услови како што доликува.