понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Скопје

Мартиновски: Општина Бутел е синоним за партиски вработувања и недомакинско работење

Мартиновски: Општина Бутел е синоним за партиски вработувања и недомакинско работење

Општина Бутел, општина во која живеам, творам и создавам. Некогаш нашта општина беше еден синоним за соживот, меѓусебно помаѓање, почит кон сите најмногу кон возрасните. Општина во која се почитуваа сите вредности. За жал денес општина Бутел е општина во која владее безредие, криминал, хаос. Непочитување на законите и изникнување на дивоградби стана секојдневие. А митото и корупцијата синоним за општина Бутел.

Зад нас речиси е 2020 година. Година по многу нешта тешка, со голема пандемија која сеуште не е завршена. Но за општина Бутел 2020 година нема да биде запаметена само по пандемијата. Овде жителите си имаат и голем број други проблеми кои за жал останаа нерешени а се поизвесно е дека нема ни да се решат. Но и не е се така црно. Имаме со што да се пофалиме и ние. Многумина ќе речат ете општина Бутел на последното место или ете го Бутел нигде го нема. А уствари ние сме општина која руши рекорди. И тоа за жал неславни, популистички рекорди на грбот на сите жители. Успеавме како општина да поставиме РЕКОРД и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе. Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот. Внимавјте 207 % зголемување. И сето ова на сметка на раст и развој на општината. Наместо инвестиции и реализирање на проекти, градоначалникот задоволува лични апетити и си исполнува ветувањата кои ги има дадено кон поединци.

Состојбата во нашата општина е катастрофална во сите параметри. Градоначалникот не собра сили да каже зошто во буџетот има собрано помалку пари. Зошто тие пари недостасуваат? Дали е заради намалениот број на инвестиции? Дали е заради иселувањето а со тоа и намалување на приливот од даноци? Дали е тоа заради неспособноста за менаџирање со општината? Еве и трета година од истекот на мандатот ние немаме ниту еден пазете НИТУ ЕДЕН реализиран проект од оние клучните со кои градоначалникот милуваше да се фали во предизборната кампања. Нема ниту гасификација со што требаше да се намалат трошоците на граѓаните и енормното загадување кое го има нашата општина. Ние сме единствена општина во град Скопје која остана без поликлиника иако градоначалникот Велимир Смилевски неколку пати ја најавува јавно, во преизборието и во неговиот мандат. Влегуваме во последната година од мандатот но сеуште нема ни абер од поликлиниката која нужно им е потребна на сите бутелчани и на општините кои гравитираат околу Бутел. А поимот капитален проект е измислена фраза во речникот на Велимир. Па така ниту има воведување на парно греење на целата територија на општината, ниту ги има најавуваните градинки, основни училишта. Реката Серава која требаше да добие уредување денес се повеќе наликува на неисчистена дива депонија отколку на средено речно корито. Остнаа излажани и најмладите кои требаше да добијат нов спортски центар уште во 2019 а за жал нема ни да го добијат во 2021. Го нема ниту водоводот во село Љубанци ни село Љуботен. Нема уште многу лаги односно ги нема ветените проекти кои требаше да донесат „жиивот во Бутел“.

Нивната желба за подобар Бутел веројатно ја подразбираат на сосема поинаков начин. Подобар Бутел за ние е загриженост на граѓаните за својата егзистенција. Подобар Бутел за нив е само лаги и манипулации. Подобар Бутел за нив е урбаниот хаос и мафијата која владее во Бутел.
Бутел заслужува една сосема поинаква визија и иднина. Општина Бутел заслужува и мора да добие нови инвестиции, инфраструктурни проекти, решавање на основните проблеми на жителите.

Бутел заслужува многу но не од оваа неспособна администрација, туку од некои идни генерации кои се инспирирани за промени во нашата општина. Спремни за предизвикот и исполнување на потребите на граѓаните, а не исполнување на лични неисполнети амбиции.

ГО САКАМ БУТЕЛ!

Пишува: Тони МАРТИНОВСКИ

Координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел

Коронавирус