понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 62
home Скопје

Марин седна во фотелја и веќе здравјето на граѓаните не му е важно 

Дали се работи за промена на сопственикот кој треба да гради, дали се работи за надминување на еколошката закана по скопјани и дали здравјето на граѓаните веќе не е поважно од неброените фирми и банкарски сметки?
Марин седна во фотелја и веќе здравјето на граѓаните не му е важно 

Според информации и фотографии кои беа испратени до нашата редакција, на големо се подготвуваат градежни активности на просторот пред Мајчин Дом во Аеродром иако градоначалникот Златко Марин во април месец 2017 година најавуваше дека ДУП-от треба итно да се повлече заради заштита на интересот на граѓаните и нивното право на чист воздух.

-Ќе има преиспитување и одговорност за спорниот ДУП И10 во Општина Аеродром. нивната цел е јасна – полнење на приватни џебови и сметки и туркање на Аеродром во еколошка катастрофа, со ДУП кој ќе го спречи струењето на воздухот од Вардар, ќе го уништи зеленилото и уште повеќе ќе го загади воздухот. Здравјето и животот на граѓаните мора да биде поважно од неброените фирми и банкарски оф-шор сметки! Како е ова во корист на граѓаните? Ајде, градоначалникот нека излезе и нека ѝ каже и на јавноста – во чија сопственост е земјиштето кај ‘Мајчин дом’! Не смееме да ѝ дозволиме на урбаната мафија да го уништи нашиот Аеродром, и да ги задуши неговите граѓани. Бараме итно повлекување на ДУПИ10.- велеше Златко Марин пред една година.

Сега граѓаните се прашуваат што се промени и зошто никој ниту го преиспитал, ниту го повлекол ДУП И10 во просторот пред Мајчин Дом во Аеродром.

Дали се работи за промена на сопственикот кој треба да гради, дали се работи за надминување на еколошката закана по скопјани и дали здравјето на граѓаните веќе не е поважно од неброените фирми и банкарски сметки?

Златко Марин засега јавно нема излезено со став по ова прашање, кое му беше клучно во кампањата, но јавноста бара одговори и исполнување на ветувањето за поништување на деталниот урбанистички план на потегот пред Мајчин Дом во Аеродром.

Коронавирус