сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 49
home Скопје

Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен

Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен

Градежните активности кај Мајчин дом продолжуваат, Советот на општина Аеродром, каде мнозинството го има СДСМ, го одби предлогот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум за градење на местата опфатени со ДУП ,,Мајчин дом” и ДУП ,,Тобако 2”.

Советниците на власта гласаа воздржано, со што дадоа амин за деветкатницата кај Мајчин дом за која пред две недели аеродромци кренаа протести и блокади.

Аеродромци гневно коментираат дека на градежната експанзија и нема крај. Се сече секое стебло само за зграда плус. Жителите се револтирани од градоначалникот Марин, кој како што велат пред избори ветувал мораториум и запирање на сите градби. Откако е на власт, не само што нема запирање, туку градежните активности на сметка на зелените површини се интензивираа.

Марин во еден од неговите предизборни спотови ветуваше дека, ако тој стане градоначалник зграда ка Мајчин дом нема да има.

Жителите иако протестираа, сепак власта не ги послуша нивниот апел. Кај Мајчин дом ќе се гради деветкатница со повеќе од 240 станбени единици и деловен простор, на површина од околу 14.000м2.

Единствениот правен механизам кој да ја стопира изградбата на зградата кај Мајчин дом е одлука на Уставниот суд кој во среда на дневен ред како точка на расправање на стави изградбата на овој објект.

Коронавирус