Град Скопје денеска лиферуваше соопштение во кое се наведува дека започнало третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје и со видео се обидоа да докажат дека утринава се прскало во главниот град.
Но, видеото кое што е посочено во соопштението е со постар датум односно на Јутјуб е објавено на 8 јули 2018 година.
Оттука се наметнува прашањето дали Град Скопје свесно ги манипулира граѓаните или пак станува збор за ненамерна грешка.