вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 84
home Скопје

Верувале или не: Маката на пазарџиите за „Паркизни на Општина Центар“ била злоупотреба!

Ниту Општина Центар, ниту Град Скопје имаат абер да им го решат проблемот, а за „ПОЦ“ пак, маката на пазарџиите е злоупотреба. Според јавното претпријатие, пазарџиите протестираат за да продолжат со злоупотребите кои ги вршат секојдневно.
Верувале или не: Маката на пазарџиите за „Паркизни на Општина Центар“ била злоупотреба!

Пазарџиите денеска повторно протест. Четврти ден по ред го изразуваат револт од покачувањето на цената за паркирање во централниот дел од градот.

Велат, поскапиот паркинг ќе им го намали и онака нискиот промет, но се чини дека никој не ги слуша нивните барања.

Ниту Општина Центар, ниту Град Скопје имаат абер да им го решат проблемот, а за „ПОЦ“ пак, маката на пазарџиите е злоупотреба.

Според јавното претпријатие, пазарџиите протестираат за да продолжат со злоупотребите кои ги вршат секојдневно.

-Во изминатите неколку дена пазарџиите од „Зелен Пазар“ протестираат бидејќи им беа скратени сите злоупотреби кои ги извршуваа секојдневно на паркиралиштето „Аутомакедонија“. ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе воведат ред на ова паркиралиште и на жителите ќе им овозможат услови за похумано живеење, се вели меѓудругото во денешното соопштение на ЈП ПОЦ.

Инаку, јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од 8-ми овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Но пазарџиите бараат да се укине тарифата и да не се плаќа 70 денари за час паркинг блиску до пазарот, бидејќи како што велат, поради оваа цена, купувачите почнале да бегаат.