сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Скопје

Луксузот е секогаш удобен: „Дрисла“ ќе набавува три теренски возила од над сто илјади евра

Луксузот е секогаш удобен: „Дрисла“ ќе набавува три теренски возила од над сто илјади евра

Јавното претпријатие „Дрисла“ го распиша тендерот за набавка на три теренски возила. Проценетата вредност на овие возила е во износ од 6,5 милиони денари (над сто илјади евра) без ДДВ, иако скопскиот градоначалник, Петре Шилегов уште во јуни кога беше најавена набавката тврдеше дека ќе чини 2 милиони денари (околу 32.500 евра).

Крајниот рок до кој треба да се достават понудите е 11.9.2020 година во 11 часот кога ќе биде и нивното јавното отворање. На ваквата набавка уште во јуни се спротивстави советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека во ЈП „Дрисла“ се купуваат три нови џипа и тоа среде криза и побараа веднаш да се стопира набавката на возилата. Велат дека тоа не е потреба во моментов.

– Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза. Наместо решавање на проблемите кадарот на Шилегов се фати за подновување со џипови – наведоа тогаш во соопштението од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус