вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 126
home Скопје

Лисичани стравуваат за безбедноста на своите деца: Марин бега од сопствените лажни ветувања! (ФОТО)

Лисичани стравуваат за безбедноста на своите деца: Марин бега од сопствените лажни ветувања! (ФОТО)

Трет ден граѓаните од скопската населба Лисиче излегуваат на протест.

Единствен мотив кој ги води кон оваа битка е безбедноста на нивните деца.

Булеварот кој минува долж целата населба е место каде се вози многу брзо. Несовесните возачи си ја даваат таа слобода бидејќи на ова место нема ниту еден семафор, а да се види полициска патрола е вистинска реткост.

Во близина на булеварот „12-та Македонска бригада“ се наоѓаат две градинки и едно училиште.  Станува збор за прометен дел од општината, што ја прави состојбата уште поалармантна.

КУРИР стапи во контакт со граѓани од оваа населба. Тие ја искажуваат грижата поради тоа што живеат и се движат во небезбедни услови.

-Не знаете колку сообраќајќи се случуваат на нашава улица. Има повредени, има загинати. Сообраќајќите се чести. Замислете, на ова место каде се случуваат толку несреќи нема ниту еден семафор. Оваа улица ја гледаат како писта брзите возачи. А има жртви и никој не реагира, истакна една лисичанка.

-Каква иронија, замислете. На средината на оваа улица се наоѓа сообраќајната полиција. Никогаш не сум видела некој да излезе и да го контролира сообраќајот во овој дел, вели друг наш соговорник.

Соседите се сплотија. Зад организација на овој настан застана одборот на родители од основното училиште „Димитар Македонски“. Нивните деца, низ оваа улица поминуваат секој ден, по најмалку два пати.

Марин вети, но излажа!

Во својата програма со која и од лисичани ги бараше гласовите на изборите, градоначалникот Златко Марин ветуваше решавање на овој и слични проблеми.

Во програмата на СДСМ, „За живот во Аеродром“ еве што се ветуваше:

Како што дознава КУРИР, дел од луѓето кои протестирале денес биле на средба со Златко Марин. Тој бил директен и рекол дека нивното барање за поставување на семафори не можел да го исполни.

Да, зборуваме за истите семафори кои Марин на овие граѓани одамна им ги даде како ветување.

Како што дознаваме, Марин на граѓаните им рекол дека семафори нема да се нафати да постави бидејќи станувало збор за многу комплициран процес кој траел година ипол. А што во тоа време му е поважно на градоначалникот да направи? Зарем не му е единствена работна задача да се грижи за сограѓаните и да се грижи за нивната безбедност?

На средбата со граѓани од населба Лисиче, Марин ветил дека ќе обезбеди да има присутни полицајци на булеварот, во ударните термини кога има најголемо движење. Но, дали е тоа одржливо решение? Целта не е да има повеќе казнети, туку повеќе безбедни!

Лисичани нема да се откажат!

Кога станува збор за безбедноста на нивните деца, Лисичани нема да прифатат НЕ како одговор.

Со протести се продолжува од вторник наутро.