петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 13
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

ЛИДЕР: Шилегов потроши 1 милион евра за чистење снег – ама сега снегот нема кој да го исчисти!

ЛИДЕР: Шилегов потроши 1 милион евра за чистење снег – ама сега снегот нема кој да го исчисти!

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов оваа зима потроши над 30 милиони денари за приватна фирма да ги одржува скопските улици. Согласно договорот обвската на таа фирма заврши на 15ти март и сега градот е беспомошен додека паѓа снег, пишува Лидер.

Вкупно, приватната компанија за две години доби 1 милион евра, но затоа што и е завршен договорот, сега таа не чисти снег.

Се потрошија над 1 милион евра од буџетот а за периодот во кои се потрошија, снег не падна.

Наместо овие средства градот да ги наменеше за купување на 10 тина половни возила специјализирани за одржување на улици во услови на снег, возила кои сега во моментов веќе ќе беа на улиците и ќе го чистеа снегот, тој се одлучи да ги даде на приватна фирма која ги стави на својата сметка, а цела зима скоро и да немаше трошоци. Истиве возила ќе беа од корист за градот Скопје и наредните зими.

Колку успешно и колку домаќински Петре Шилегов го води градот најдобро проценете сами.

ИЗВОР: ЛИДЕР.МК

Коронавирус