вторник, 28. март 2023. Вести денес: 96
home Скопје

Левица: ДУИ и СДСМ ја губат локалната власт во главниот град, парламентарната опозиција обезбеди мнозинство со Советот на Скопје

Левица: ДУИ и СДСМ ја губат локалната власт во главниот град, парламентарната опозиција обезбеди мнозинство со Советот на Скопје

Левица ја известува јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското Собрание, преку своите освоени советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на Град Скопје.

-Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население. Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалиција на СДС и ДУИќе биде опозиција во градот Скопје, се наведува во соопштението на Левица.

Од партијата нагласуваат дека следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Скопје и на неговите општини.

loading...