вторник, 20. август 2019. Вести денес: 115
home Скопје

Лавица од Берлин е нов жител во скопската зоолошка градина

Лавица од Берлин е нов жител во скопската зоолошка градина

Лавица од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската градина. 12-годишната лавица Акети стаса во Скопје пред 5 дена и веќе се прилагодува на условите во скопската зоолошка градина. Сега за сега таа ќе биде сама во нејзиното живеалиште, а за неколку месеци ќе и се придружи лав кој треба да стигне од Софија, дознава СДК.

„Лавицата ја добивме благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и со нејзините зоо негователи. Во септември ќе стигне и лав од Софија, а во преговори сме да добиеме и бел сибирски лав од некоја од европските зоолошки градини“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

Во Зоолошката покрај Акети има уште три лава. Во февруари беше еутаназирана лавицата по долго боледување од малиген тумор на кожата.