петок, 21. септември 2018. Вести денес: 68
home Скопје

Кутлешовски: Георгиевски нема реализирано една нова капитална инвестиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи проектите

Кутлешовски: Георгиевски нема реализирано една нова капитална инвестиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи проектите

Иако со ребалансот на буџетот  ни оддалеку не се исполнуваат реалните потреби на граѓаните на општина Гази Баба, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде конструктивна и да ги поддржи проектите, бидејќи голем дел од нив се проекти ветени или отпочнати од ВМРО-ДПМНЕ, вели Сашо Кутлешовски советник во Советот на Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ.

-Исто така сакаме да порачаме дека будно ќе ја следиме реализацијата на проектите и ќе реагираме соодветно доколку се продолжи понатаму со стагнација и нереализирање на проекти од страна на градоначалникот Борче Георгиевски. Скоро една година помина од неговиот мандат а градоначалникот Георгиевски нема реализирано една нова капитална инвестиција. Да потсетиме дека на граѓаните на општина Гази Баба им е потребна гасификација, изградба на градинки во повеќе населени места изградба на нови училишта, изградба на водоводни и канализациони мрежи, алсфалтирање на патишта, олеснување на сообраќајниот метеж со пробивање на нови булевари, поголема достапност на јавниот превоз, почиста животна околина итн, вели тој.

ВМРО-ДПМНЕ и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе се залагаат за остварување на овие капитални проекти кои се во интерес на граѓаните на Гази Баба.