петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Скопје

КУРИР ИНТЕРВЈУ: Трпковски со низа нови проекти за Сопиште, неговата досегашна работа е доказ дека ги исполнува ветувањата

КУРИР ИНТЕРВЈУ: Трпковски со низа нови проекти за Сопиште, неговата досегашна работа е доказ дека ги исполнува ветувањата

Стефче Трпковски, актуелен градоначалник на општина Сопиште, уште еднаш влегува во изборната трка. Тој е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден нов мандат. Магистер е по технички науки, сопруг и татко на две деца.

КУРИР направи интервју со него за идната програма, но и за проектите кои ги реализирал во Сопиште изминативе години.

КУРИР: Господине Трпковски Вие ја добивте довербата од матичната партија да „трчате“ за трет мандат во вашата општина, каква е Вашата визија за Сопиште?

-Сопиште мора да остане убаво место за живеење. Прво да се подобри инфраструктурата, сервисот на комуналните услуги.  Развојот да биде умерен во чекор со ресурсите и инфраструктурата со која располагаме. Многу лесно може хаосот и загадувањето да станат наша реалност доколку дозволиме неконтролирано да се гради во Сопиште. Она што денес се гради е само 10% од реалната побарувачка. Мораме да внимаваме, Сопиште го направивме најатрактивно место за живеење и сега треба да го сочуваме од опасноста која го демне, да имаме недостиг на инфраструктура и незадоволни жители. Соодветноста на еколошки зачуваната природа со инфраструктура и социјален живот мораат да бидат во складност со бројноста на населението и градбите.

КУРИР: Кои се реалните проблеми на локалната самоуправа?

-За жал во вториот мандат ја изгубивме динамиката која ја постигнавме во првите 4 години. Причината е финансиската блокада и исплаќање на енормно големи суми на финасии за грешки од минатото. Но и покрај блокадата бројот на реализирани проекти е голем. Жителите на о Сопиште ја гледаат разликата какви и колку проекти се реализирале овие 8 години споредено со  мандатите пред мене.

КУРИР: Кои се проектите кои ги имате сработено последниве 8 години?

-Изградивме 6 спортски терени, асфалтиравме 30 км  локални улици, краци од улици и патишта што поврзуваат населени места. Градевме во водоснабдувањето, зафативме нови извори во Долно Соње во Чифлик и Св Петка. Проектот Патишка Река е реализиран повеќе од 70% Изградивме и градиме детски градинки, имаме повеќе од 2000 улични светилки или колку општина Карпош која е 5 пати поголема од нас. Набавивме возила за потребите на ЈКП Сопиште. Вложуваме во културата со подршка  за одржување на културни настани и  изградба на културен дом, како и во многу потребната техничка документација која е доста обемна и бара време и посвета без која не можат да бидат реализирани ниту најосновните проекти.

КУРИР: Можете ли да ни издвоите неколку проекти на кои сте горд и кои успеавте да ги реализирате за време на мандатите?

-За прв пат на територијата на Општина Сопиште со средства од ИПА фонд се отвори детска градинка со што за многу жители, родители се подобри начинот на функционирање и квалитетот на живот во Општина Сопиште .

Капитален проект на кој особено сум горд а кој со својата комплицираност и изведба како и обезбедување средства од страна на МСПИ кредит е ,,Изведба на канализација во населено место Ракотинци,, проблем кој ја загрозуваше иднината на целото населено место поради појавата на свлечиште и истиот е во тек на реализација.

КУРИР: Кој е клучниот проект на кој ќе се насочите доколку бидете избран?

-Водоснабдувањето и третирањето на отпадните води ќе бидат во фокусот на третиот мандат. Треба да се довршат започнатите проекти кои за жал беа опструирани од тие што денес ветуваат нереални работи и  се китат со наши проекти како тоа да се нивни дела. Продолжуваме со поголема динамика сеуште имаме  потреба од асфалтирање, имаме план за подобрување на здравствената заштита, изградба на трговски центар, рециклирање  на пластика и целосна нова технологија во уличното осветлување.

КУРИР: Кој е моделот за локален економски развој што ќе го понудите на граѓаните?

-Домаќинско работење е клучниот фактор за локален економски развој. Правилно планирање и синхронизирање на расположливите ресурси во остварување на плановите.

Зачувување на еколошкиот карактер на општината, вложување во подобра медицинска нега, социјализација на жителите преку културни настани, спортување и отвореност кон лицата со попреченост како и подобрување на услугите на локално ниво. Со балансот кој ќе го поставиме ќе можеме да живееме во рурална еколошка средина но урбано.

-Дефинирање на локалитети со потенцијал за развој на микротуризам и рекреација.

-Подршка на мали земјоделски проекти и рурален развој.

-Проекти од зелена обновлива енергија.

КУРИР: Кои се реалните проблеми на локалната самоуправа?

-Реален проблем со кој се соочи општина Сопиште е големиот финансиски долг од минатото. 2.000.000 € се многу пари за рурална општина како Сопиште формирана од 13 населени места. Јавниот превоз е тотално не прилагодлив на жителите. Еден факт и пример за третманот на централната власт кон Општина Сопиште: општина Сопиште ја нема во списокот на распределени средства од концесијата на ТАВ, кој без никаков повик ниту апликација Владата ги распредели на Општините, на некои Општини  дури и по три проекти a Општина Сопиште не беше опфатена воопшто. Во октомви 2019 Регионалниот водовод ,,Патишка Река,, кој ќе ги снабдеше со вода сите населени места и решеше децениски проблем на општината го снајде истата судбина како и многу други проекти низ Република Македонија, Владата ги пренамени и со тоа се стопира изведбата на истиот. Но општина Сопиште не застана и не се обесхрабри само направија да бидеме поупорни да реализираме и обезбедиме средства за голем дел од проектите кои со децении тапкаа во место со помош на нашите странски партнери.

КУРИР: Кој е Стефче Трпковски приватно? Кој Вашата градоначалничка функција бара многу време и откажување од приватниот живот. Колку Ви преостанува слободно време за семејството и како најчесто го поминувате слободното време?

-Магистер по технички науки, моето образование на градежниот факултет Скопје „Универзитетот ,,Св Кирил и Методиј- Скопје многу допринесе за соочување и справување со предизвиците кои ги носи функцијата Градоначалник. Сопруг и татко на две деца, жител на Долно Соње опкружен со роднини, комшии и пријатели. Кога живеете во село секој ден, секој месец и сезона се исполнети со посебни убавини и можности за кои времето е прекратко за целосно уживање. Со добра организираност и координиран тим може да се постигне се. Кога паѓа снег нема време ни за спиење како одговорна личнос мора да бидат посетени сите населени места и да се реализира проодноста кон сите од нив, но одговорноста за посета на сите предизвици во Општината ми дава можност да бидам во контакт со жителите, пријателите и најблиските. Работата и одговорноста која ми е доверена од жителите на Општина Сопиште мора да биде оправдана и заслужена, но кога се сака и се работи со желба може да се постигне многу да се биде добар татко, сопруг, добар менаџер и татко на општината.

 

 

Локални избори 2021