сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Котлар ветува дрворед на секоја улица во Центар: Зелени оази наместо бетон, ќе ги лоцира загадувачите и со акционен план ќе ги елиминира

Котлар ветува дрворед на секоја улица во Центар: Зелени оази наместо бетон, ќе ги лоцира загадувачите и со акционен план ќе ги елиминира

Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар, ветува кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.

Скопје е најзагаден град во Европа.

Затоа, ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон, погледнете како сега изгледа тоа.

Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме. Ќе водиме бескомпромисна казнена политика за загадувачите.

Ќе има Ден без автомобили што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии.

Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети. Редовно ќе го пошумуваме Водно.

Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар. За Центар со душа, вели Котлар.

Коронавирус